Кога еден конфликт преминува граница и станува физичко насилство? Како да го препознаеме и што можеме да направиме кога ќе се случи?

Во втората епизода од нашата серија поткасти разговараме за физичкото насилство меѓу врсниците, неговите најчести појави, причините кои можат да доведат до него и последиците кои може да ги има врз младите. Разговараме и за тоа како треба да постапиме доколку сме сведоци на физичко насилство и зошто е важно да не го игнорираме проблемот, туку да побараме помош и поддршка.

🎧 Слушнете ја втората епизода и приклучете се кон разговорот за тоа како конфликтите можат да се решаваат преку комуникација, разбирање и почитување – без насилство.

Овој поткаст е изработен со финансиска поддршка од Локална Самоуправа на Општина Прилеп. Содржината на овој поткаст е единствена одговорност на Младински Совет Прилеп и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на донаторот.

September 21, 2026

Written by:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *