Дали секогаш можеме да препознаеме кога една шега преминува во врсничко насилство? Како насилството влијае врз младите и што можеме да направиме за да создадеме побезбедна училишна средина?
Во првата епизода од нашата серија поткасти разговараме за тоа што претставува врсничкото насилство, кои се неговите најчести форми, како влијае врз самодовербата и благосостојбата на младите, зошто учениците понекогаш се плашат да побараат помош и како секој од нас може да придонесе за средина во која ќе владеат почитта, прифаќањето и поддршката.
🎧 Слушнете ја првата епизода и приклучете се кон разговорот за превенција од врсничко насилство и градење побезбедни училишта за сите.
Овој поткаст е изработен со финансиска поддршка од Локална Самоуправа на Општина Прилеп. Содржината на овој поткаст е единствена одговорност на Младински Совет Прилеп и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на донаторот.
