Дигиталниот свет стана важен дел од секојдневието на младите. Социјалните мрежи и дигиталните алатки ни овозможуваат да комуницираме, да учиме и да споделуваме идеи, но истовремено можат да станат простор за навреди, закани и други форми на штетно однесување.
Во последната епизода од нашата серија поткасти се фокусираме на сајбер насилството и разговараме за тоа како да го препознаеме, како навредливите коментари, пораки и објави можат да влијаат врз младите и што може да направи некој кој се соочува со ваква ситуација. Разговараме и за тоа како можеме да реагираме кога ќе забележиме дека некој друг е цел на насилство на интернет и каква одговорност имаме сите како корисници на дигиталните платформи.
🎧 Слушнете ја последната епизода и приклучете се кон разговорот за создавање побезбедна и поодговорна онлајн средина во која младите можат слободно да комуницираат, да се изразуваат и да бидат поддржани.
Овој поткаст е изработен со финансиска поддршка од Локална Самоуправа на Општина Прилеп. Содржината на овој поткаст е единствена одговорност на Младински Совет Прилеп и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на донаторот.
